Тутунарите од Пелагониско денeска два часa од 10 до 12 часот го блокираа магистралниот пат Прилеп-Градско, на излезот од градот. Oстанувaат на барањата и велат дeкa нема да отстапат од реален откуп, укинување на четвртата класа и реална цeна за врвните берби. Бараат нивниот официјален претставник, Сојузот на земјоделските здруженија, да биде со нив и да ги поддржи.
По синоќешниот состанок во Прилеп со министерот за земјоделство, тутунарите останаа на ставот да протестираат, а од друга страна, да продолжи откупот на тутунот. Ќе се прави неделен пресек на текот на откупната кампања и на постигнатата просечна цена. Денеска се отворени сите откупни пунктови во Прилеп. Досега во државава се преземени само три проценти од родот. Речиси две третини е во Пелагонискиот регион.
Незадоволни од откупните цени и проценката на тутунот денеска на протест излегоа и тутунари од струмичките села Градашорци и Ангелци. Тие побараа повисоки откупни цени и укинување на четвртата класа.
Годинава компаниите и тутунопроизводителите склучија договори за откуп на 23 милиони килограми тутун, што е за околу 3 милиони килограми помалку од лани. Според откупувачите тоа се должи на залихите кои ги имаат од лани и помалата побарувачка на пазарот.