Полскиот премиер Доналд Туск реагираше на објавата на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, кој напиша на социјалните мрежи дека „мирниот сон на граѓаните на Европската Унија е завршен“, предупредувајќи дека сите земји-членки на НАТО конечно треба да почнат сериозно да ги сфаќаат ваквите зборови.
„Полска, балтичките држави, а сега и Романија. Има сè повеќе руски провокации. Вчера, поранешниот руски претседател Медведев рече дека мирниот сон на граѓаните на ЕУ е завршен. Сите во НАТО конечно треба да почнат сериозно да ги сфаќаат ваквите факти и зборови“, рече Туск во објава на мрежата „Икс“.
Претходно, Медведев напиша на платформата X дека граѓаните на ЕУ треба да разберат дека властите на нивните земји еднострано влегоа во војна со Русија.
„Затоа бидете внимателни и немојте да бидете изненадени од ништо“, напиша тој.