Туск и Заев очекуваат лидерите утре да се потрудат да се договорат за почнување преговори

by fokus

Лидерите на земјите членки на Европската Унија на утрешното заседание ќе прават напори да дојдат до консензуално решение поврзано со почетокот на преговорите за Северна Македонија, е заедничкото очекување на премиерот Зоран Заев и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

На  средбата на Заев и Туск, што се одржа вечерва во Брисел, беше заклучено дека Република Северна Македонија и граѓаните ги исполниле сите услови за донесување одлука за почеток на преговори правејќи храбри чекори и сериозни реформи.

Од владината прес-служба соопштија дека на состанокот, на кој присуствуваа и заменик-претседателот на Владата, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се разговараше за актуелните очекувања поврзани со утрешната средба на Европскиот совет

Поврзани новости