Турција ослободи 16 држави од ПЦР-тестови, но не и Македонија

by Фокус

Турските власти објавија дека посетителите од 16 држави и региони нема да мораат да приложат ПЦР-тест за патување во Турција, јавува Анадолија.

Тамошното Министерство за здравство објави дека на листата на земји и региони се наоѓаат Хонг Конг, Кина, Тајван, Виетнам, Австралија, Нов Зеланд, Сингапур, Тајланд, Јужна Кореја, Израел, Јапонија, Велика Британија, Латвија, Луксембург, Украина и Естонија.

Оваа одлука ќе стапи на сила од 15-ти мај.

Поврзани новости