Од 946 тестирани, 105 нови случаи на корона

by Фокус
Во последните 24 часа се направени 946 тестирања, а регистрирани се 105 нови случаи на Ковид 19.
Ситуацијата по градови е следна: Скопје – 55, Битола – 15, Тетово – 9, Струмица – 6, Куманово и Кавадарци – по 3, Велес и Охрид – по 2, Прилеп, Гостивар, Штип, Кочани, Кичево, Неготино, Ресен, Дебар, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1.
Досега, во земјата се направени вкупно 724.668 тестирања на Ковид-19, а вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 152.685 лица.

Поврзани новости