750
Турција, која се бори со недостиг на вакцини против коронавирус, објави дека нарачала 50 милиони дози од руската вакцина „спутник В“.
-Турција потпиша договор за набавка на 50 милиони дози „спутник В“ што треба да пристигнат во следните шест месеци. Првата испорака ќе биде во мај – рече турскиот министер за здравство, Фахретин Коча.
Веста доаѓа во време кога Турција, која брзо започна кампања за вакцинација, значително ја забави својата динамика поради недостаток на вакцини.