Вучиќ: Не е добро што нема поголема желба за вакцинација

by Фокус

Српскиот претседател Александар Вучиќ изрази жалење што во државата нема поголема желба за вакцинација.

На прашањето како да се подобри одговорот на граѓаните на вакцинација, Вучиќ рече дека ќе биде потребно да одат кај луѓето, во села, трговски центри, каде, истакна тој, ќе им биде понудена вакцината.

За споредба, посочи тој, привлекува внимание на фактот дека за само 12 часа повеќе од еден милион луѓе побарале државна помош во износ од 60 евра.

-Кога станува збор државата да даде пари, тогаш многу граѓани аплицираат брзо – рече Вучиќ.

Поврзани новости