Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја одби понудата на Европската Унија да воведе безвижен режим во замена за смена на турските закони за тероризам.
-Ние ќе одиме по својот пат, а вие одете по вашиот – рече турскиот претседател.
Инаку, ЕУ побара од Анкара да исполни пет критериуми, за Турците да можат без визи да патуваат низ шенгенскиот простор, а меѓу нив се клучни измени на законот и стеснување на законската дефиниција на тероризмот, во согласност со прописите на Европа.
Планот е дел од поголемиот договор, кој подразбира враќање на сириските бегалци од Грција во Турција за да се ублажи ситуацијата со бегалската криза во Европа.
Ердоган тврди дека Турција не може да ја стесни дефиницијата затоа што државата се наоѓа под голема закана од терористи, додека одредени опозициски партии сметаат дека дефиницијата е наменета за задушување на опонентите, критичарите и новинарите.