Судската администрација ќе штрајкува за поголеми плати

by Фокус

Ако во понеделник не го добијат ветеното покачување на платите за 35 отсто, судските административци во вторник почнуваат штрајк.

“Незадоволството кај вработените во судовите може да ескалира во секој момент и од штрајк да прерасне во бунт на судската администрација, бидејќи се соочуваме со долготраен игнорантски однос од страна на судската власт”, стои во соопштението.

Синдикатот на управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) информираат  дека штрајкот е сe поизвесен, бидејќи  Министерството за финансии не постапи по препораката на Владата и не обезбеди средства за исплата на додатоци на плата.

Поврзани новости