589
Турција го блокираше пристапот до „Викиликс”, откако укажувачкиот портал вчера објави околу 300 илјади електронски документи директно од серверот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) во Турција.
Пред објавувањето, Викиликс претрпе многу хакерски напади и најави дека турските владини сили ќе се обидат да го спречат објавувањето на материјалите од АКП.
Според Викиликс, електронската пошта содржи документи за “справување со светот“, но и многу интерни, внатрешни проблеми на земјата.