Турција до крајот на јули ќе го ратификува Протоколот за членство во НАТО

by fokus

Претседателот на Големото национално собрание на Турција Мустафа Шентоп денеска од Битола најави дека најдоцна за еден месец Турција ќе го ратификува Протоколот за членство на нашата земја во НАТО.

– Како претседател на Големото народно собрание на Турција го предадов до Комисијата за надворешни прашања и во моментов се расправа за него во Комисијата за надворешни работи. Агендата на Комисијата е набиена, но јас разговарав со претседателот на Комисијата и го замолив да го забрза тој процес така што се надевам дека во текот на наредната недела ќе заврши комисиската расправа. Потоа ќе биде на дневен ред во Собранието и се надевам дека најдоцна за еден месец Протоколот ќе биде ратификуван – изјави Шентоп пред медиумите во Битола.

Тој денеска го посети Музејот во Битола каде се наоѓа спомен собата на Мустафа Кемал Ататурк и познатата Исак Џамија која неодамна беше целосно реновирана. 

Поврзани новости