Пеејќи молитва битолчани парадираа по Широк сокак

by fokus 19:08
19:08

Свештени лица, родители и деца парадираа денеска по Широк сокак во Битола пеејќи молитва, како реакција на Парадата на гордоста што се одржа вчера во Скопје.

Битолската контра-парада беше најавена на социјалните мрежи. Учесниците се собраа кај Саат кулата и маршираа до Градскиот парк, пренесува „Тера“.

Учесниците рекоа дека ова е парада со која сакаат да ја пратат порака за традиционалните семејните вредности.

Поврзани новости