73
Турските власти уапсија двајца вооружени напаѓачи осомничени за убиство на едно лице денеска за време на богослужба во католичка црква во Истанбул, изјави турскиот министер за внатрешни работи – Али Јерликаја.
Јерликаја изјави дека во нападот на италијанската католичка црква Санта Марија бил убиен турски државјанин, кој бил цел на вооружени лица, пренесе Ројтерс.
Јерликаја на платформата Х не го наведе мотивот на нападот и не откри кој го извршил нападот.
Министерот рече дека двајцата напаѓачи носеле маски и биле присутни со верниците за време на неделната молитва.
Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот преку објава на Телеграма, велејќи дека нападот бил одговор на повикот на лидерите на ИД да ги таргетираат Евреите и христијаните.