414
Саботното издание на турскиот весник „Созџу“ излезе со празни страници во знак на протест против апсењето на неколкумина новинари од весникот.
На страниците се наоѓаат празни колумни со имињата на авторите, дури и местото каде се наведува временската прогноза е празно.
Весникот со таканареченото „специјално издание на слободата на печатот за 19 мај“, реагираше на апсењето на уредникот Медиха Олгун и новинарот Гокмен Улу.
Исто така е издаден налог за апсење и за сопственикот на весникот Бурак Акбај и директорот за финансии Јонча Калелиј.
Тие се обвинети дека извршиле кривично дело поврзано со мрежата на Фетулах Ѓулен, кого властите во Анкара го обвинуваат за минатогодишниот обид за државен удар.
Извор: МИА