Не може да се назначи нов директор на БЈБ, додека Чавков е на одмор

by fokus 10:44
10:44

Повлекувањето на директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков и неговото барање за користење на годишниот одмор, спречува евентуално именување на нов директор на ова биро.

Експертите велат дека додека Чавков е на годишен одмор, новата Влада нема да може да назначи нов директор, оти нема кој да ја прими одлуката за разрешување.

- Advertisements -

Екс – началникот на полицијата Љубомир Ѓурчески, цени дека во време кога има барање за разрешување на Митко Чавков, не требало да му се даде годишен одмор, пренесува Алсат-М.

Ако против Чавков се процесира кривична пријава за недејствување врз основа на Законот за полиција за време на насилството во Собрание, тогаш не би претставувало пречка за новата Влада да именува нов директор на БЈБ.

Поврзани новости