564
-Знам дека многу земји се заинтересирани за овој проект. На пример, испораката на гас до австрискиот гасен чвор „Баумгартен“ е можна преку Грција, Македонија, Србија и Унгарија, изјави денеска рускиот министер за енергетика Александар Новак.
Тој рече дека со гасоводот „Турски поток“ се планира испорака на руски гас за потрошувачите во Турција, но можно е тој да се продолжи преку територијата на Балканот се до Австрија. Додаде дека Русија води интензивни преговори со државите кои би можеле да бидат транзитни територии.
Се очекува рускиот министер за енергетика, Александар Новак кон крајот на месецов да ја посети Србија, при што тема на разговор ќе биде и проширувањето на гасоводот „Турски поток“.