Турската влада потврди дека се урнати 5.775 згради

by Fokus

Турција распореди повеќе од 24.400 луѓе за потрага и спасување на погодените од земјотресот, а владата потврди дека се урнати 5.775 згради.

Се очекува да испратат уште повеќе луѓе на терен. Сепак, зимските услови го попречуваат нивното распоредување, рече претставникот на агенцијата за управување со катастрофи, Орхан Татар.

На теренот има 55 хеликоптери за итни случаи, а 85 камиони им делат храна на настраданите.

„Во регионот продолжуваат неповолните временски услови. Затоа одвреме-навреме распоредувањето на екипите може да биде отежнато“, рече Татар, а температурите во текот на ноќта во градот Газијантеп, погоден од земјотресот, паднаа на минус 5 Целзиусови степени.

Поврзани новости