„Идејата со која се организира настанот е надминување на меѓусебното непознавање на различните етнички групи во нашата држава, како најчеста причина за создавање конфликтни ситуации, односно ситуации кои водат кон дела од омраза. Цениме дека со организирање пикник на кој ќе бидат претставени вкусни традиционални специјалитети застапени во различните етнички кујни во Македонија (македонска, албанска, турска, влашка, српска, бошњачка, ромска, егејска, еврејска, торбешка и други), во директна смисла ќе се посочи на различноста како можност за споделување. Ве очекуваме, во недела, заедно да го одбележиме европскиот ден посветен на жртвите на дела од омраза. Заедно да ги вкусиме различните традиционални кујни, и заедно да го потенцираме прифаќањето, признавањето и споделувањето“, велат од Хелсиншкиот комитет.
Настанот се организира со поддршка на ,,Цивил‘‘, ,,МОФ‘‘ и ,,Амбрела‘‘.