Туристичките водичи до Владата: Нè заборавивте!

by Fokus

Решавање на статусот, донесување на протоколи за дејноста, Министерството за здравство да ги внесе во листата на приоритетни категории за вакцинација.Ова го бараат туристичките водичи, кои денеска на Светскиот ден на нивната професија побараа од Владата да го чуе и нивниот глас за ситуацијата во која се наоѓаат поради пандемијата. Тие прашуваат, зошто ги нема како категорија во петтиот антикризен пакет имајќи предвид дека во претходниот биле вклучени.

-Заради специфичноста и репрезентативноста на својата дејност ние сме од јавен интерес за државата. Но, за жал наместо на овој убав ден сите ние да сме горди на својата професија ние повторно сме заборавени од владата, порачуваат преку нивната Асоцијација.

Тие истакнуваат дека нивната со нивната професија тие се културни амбасадори на својата земја и со својата работа придонесуваат во развивањето на туризмот во својата држава и во регионот.

Поврзани новости