Туристи заглавени во Маврово- снемува храна за деца

by Fokus

Високиот снег ги отсече и селата Никифорови и Леуново, тврдат туристи кои се заглавени во викендички, јави Телма.

– Ние сме во викендичка, три семејства, едно повозрасно лице од над 30 години е болно, има температура. Тука бевме на 3 дена, немаме ни храна веќе, а имаме 4 мали деца. Сега ни снема и вода, синоќа 5-6 часа немаше струја. Значи, во паника сме не знам што да ви кажам- изјавил турист во телефонски разговор за телевизијата.

Тој се наоѓа во селото Никифорово, а помош барале и од „Македонија пат“ да ги расчисти приодните патишта до регионалниот пат за да може да се извлечат.

 

Поврзани новости