СДСМ: Недозволиви се насилни упади во работата на Синдикатот

by Fokus

Недозволиви се незаконски поништувања одлуки донесени од ССМ, како и внесувања лица во Синдикатот кои не се негови членови со цел провокации и носења нови одлуки под притисок. Недозволиви се насилни упади во работата на Синдикатот, на претставници на министерства и органи што се случуваат и во последните денови на ВМРО-ДПМНЕ, реагираа од опозицискиот СДСМ и најостро го осудија насилството што се случи во зградата на Сојузот на Синдикати на Македонија, при што има и повредени.

– Ова е потврда за стравот на власта во заминување од работниците кои избраа промени и одлучно ги бранат своите права. Извршната власт не смее да се меша во синдикалното здружување! Тоа е уставно право на работниците, загарантирано и со повеќе меѓународни конвенции, чиишто потписник е Република Македонија и на работниците тоа право мора да им биде и ќе им биде почитувано – велат во партиското соопштение од СДСМ.

Поврзани новости