691
Финската министерка за надворешни работи, Тити Тупураинен по завршувањето на денешните безуспешни разговори за одлука за почнување преговори со Македонија и Албанија, рече дека земјите вложиле многу, а Северна Македонија дури и си го смени името.
-Сакам да нагласам дека ЕУ мора да ги исполни очекувањата. Земјите вложија многу, особено Северна Македонија која дури и си го смени името. Ние многу го почитуваме тоа и затоа сега Европа мора да одговори соодветно, рече Тупураинен.