Лидерите на ЕУ членките ќе ја донесат конечната одлука дали ќе се отворат преговорите

by fokus

Советот на министри за општи работи на ЕУ доцна попладнево заврши без заклучок за започнување преговори со Албанија и Северна Македонија, па одлуката се префрла кај шефовите на држави или влади кои ќе се сретнат в четврток и петок во Брисел.

И покрај обидите на финското претседателство да постигне компромис помеѓу земјите членки со тоа што ќе ги одвои Северна Македонија и Албанија, силен отпор дошол од Франција, Германија и Италија.

Париз одбива да се одвојат двете земји затоа што е цврсто против секакво проширување за сега, додека Берлин и Рим сметаат дека е премногу ризично е да се одвои Албанија затоа што постои шанса многу долго да чека по Северна Македонија.

Поврзани новости