Тупанчески: Не седиме со скрстени раце, ќе истражиме зошто новинарката беше повикана во полиција

by fokus

Министерството за правда формираше дисциплинска комисија која ќе ги истражи сите детали за случајот кога новинарката, Соња Делевска од порталот СДК, беше повикана на информативен разговор во полиција од страна на вооружени полицајци, заради објавен новинарски текст, по поплака на раководителка на одделение во Министерството за правда, потврди во вечерашната Топ Тема, министерот Никола Тупанчески.

„Дисциплинката комисија ќе ги истражи сите детали за случајот. Не остануваме со скрстени раце и навреме ќе ја информираме јавноста“ – изјави Тупанчески.

Тој додаде дека и во рамките на МВР е покрената постапка за утврдување на околностите под кои била повикана новинарката.

Поврзани новости