Тунтев: Зошто се брза со донесувањето на законот за владино рекламирање?

by fokus

Барам предлог-законот за информативни и рекламни кампањи на јавни институции да биде симнат од дневен ред, односно очекувам предлагачот да го повлече законот, рече пратеникот на СДСМ, Томислав Тунтев на денешната собраниска седница.

-Овој закон е срамен обид на партијата на власт да ги држи медиумите во заложништво. На јавната расправа што беше организирана за ова законско решение претставниците на медиумитие што држат до професионализмот јасно ги посочија аномалиите на овој предлог-закон кој е уште еден брутален обид да се легализира корупцијата. ЗНМ и уште неколку други еснафски здруженија доставија укажување за прекршување на процедурата за носење на овој закон, со тоа што не е објавена проценка на влијанието. Предлогот-законот се достави во почетокот на јули, додека во втората половина на месецот партиите договорија прецизни реформи во медиумите, па затоа е нејасно е зошто и некому му се брза да се донесе овој закон што ако се организираат избори во декември ќе биде во функција 10 ден. рече Тунтев.

Сепак, владејачкото мнозинство не го поддржа ова барање и предлог-законот за владино рекламирање денеска е пред пратениците е во постапка на прво читање, по што треба да почне амандманска расправа на собраниските комисии.

 

Поврзани новости