Бројката на загинати во Италија се искачи на 37

by fokus 14:00
14:00

Расте бројот на загинати од силниот земјотрес кој утрово ја погоди Италија. Од првичните 21 жртва, сега бројот на загинати достигна 37 лица, а 150 се водат за исчезнати.

Најмногу жртви има во селото Пескара дел Тронто, кое со земјотресот беше срамнето до земја и постои опасност од зголемување на бројот на жртви.

Земјотресот бил со јачина од  6,2 степени со епицентар на 100 километри североисточно од Рим, на длабочина од 4 километри.

Поврзани новости