Тунтев: Пораките на Хан и Могерини се јасен сигнал дека државата е во вистински правец

by fokus

Пораките што Македонија во изминатите двa дена ги доби од високите претставници на ЕК Јоханес Хан и Федерика Могерини, како и исклучително позитивниот Извештај за напредокот на Македонија, се јасен сигнал дека државата се движи во вистинскиот правец, изјави денеска координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев.

Во изјавата по обраќањето на Могерини тој потенцира дека охрабрувањето, позитивната и неусловена препорака се дополнителен мотив за продолжување на реформите.

– Препораката за членство во ЕУ е признание за досега сработеното, но и патоказ за идните реформски процеси кои што не очекуваат, а не очекува уште многу работа, рече Тунтев.

Во насока на зајакнување на улогата на Собранието, на иницијатива на пратениците од СДСМ почнувајќи од наредната седница за пратенички прашања на 26 април премиерот и министрите за време на пазуата ќе бидат достапни за сите пратеници, вклучувајќи ги оние од опозицијата за во една неформална и директна комуникацијата да се информираат за сите прашања од нивен интерес, за проблеми од средините од каде што доаѓаат, но и за да алармираат за одреден проблем.

Премиерот Зоран Заев ќе присуствува и на седниците на Националниот совет за евроинтеграции, на Комисијата за европски прашања што треба да се одржи наредната недела, каде директно ќе ги информира пратениците за Извештајот на ЕК, но и за процесите што следуваат.

Запрашан за забелешките од извештајот, Тунтев вели законите мора да се импементираат.

– Во таа насока ги сфативме и пораките на Хан и Могерини. И Владата, но и ние како дел од законодавната власт сме свесни дека закони без нивна целосна имплементација се „мртво слово на хартија“, изјави Тунтев.

За тоа како ќе ја контролираат Владата, Тунтев рече дека сите процеси, вклучувајќи го „Жан Моне“ во Охрид и соработката со странските експерти во делот на измени и дополнувања на Деловникот и меѓусебните договарања на најголемите партии, сето тоа е во функција на зајакнување на законодавната, но пред се на контролната, надзорната и застапничка улога на Собранието. Првата надзорна расправа во овој собраниски состав, Тунтев ја најави за следниот месец а ќе биде за заштита на Охридското езеро и регион.

На средбата со Хан вчера, како една од посериозните забелешки било поставено прашањето за носењето закони по скратена постапка и на тој начин оневозможување на Собранието да ја има контролната односно надзорната улога.

– Ќе видите во наредниот период во согласност со динамиката што ја воспоставивме, ако ги изброите законите што се носат во редовна процедура ќе видите дека далеку ја надминуваат онаа бројка од почетокот, рече Тунтев.

Поврзани новости