На Зоран Божиновски ќе му се суди заедно со обвинетите во „Шпион“

by fokus

Случајот на Зоран Божиновски се спојува со предметот „Шпион“. Оваа информација денеска на рочиштето за „Шпион“ ја сподели судијата Владимирр Туфегџиќ, и тоа по одлука на неговата колешка која досега му судела на Божиновски. Барањето за спојување на предметите, пак, го поднесе Специјалното јавно обвинителство (СЈО), кое што ја превзеде наделжноста за двата случаја.

Туфегџиќ му даде задолжение на СЈО да го прецизира обвинителниот акт и тоа до наредното рочиште закажано за 17 мај.

На денешното рочиште не присуствуваше адвокатот Еленко Миланов, кој доставил оправдување дека е на притворски предмет во Tетово.

Апелацискиот суд лани ги ублажи казните на обвинетите и ја преиначи првостепената одлука на Кривичниот суд, но за дел од 18-те обвинети, меѓу кои е се и Маријан Ефремов и Горан Стојков, дел од постапката е вратена од почеток.

Во случајот „Шпион“ кој е од 2013 година, осудени се 18 лица за злосторничко здружување, шпионажа, уцена, измама и недозволено поседување оружје.

 

Поврзани новости