Тунтев: Ние за 2 години ќе предложиме опозицијата да го предлага јавниот обвинител

by Фокус 13:31
13:31

Предлогот за нов јавен обвинител, Љубомир Јовески, има респетакбилна и импозантна биографија, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, на денешната седница за избор на нов јавен обвинител.

-Дваесет и тројца нотари, адвокати, судии, обвинители беа пријавени на конкурсот за нов јавен обинител, но за мене најмеродавно беше тоа што Советот на јавни обвинители за Јовески едногласно даде позитивно мислење. Опозицијата го критикуваше самиот процес, бараше законски измени за изборот на новбинител, но кажа ниту збор за персоналниот избор Јовески да биде нов нов јавен обвинител. Тоа ни дава право да веруваме ќе има општ конзензус за изборот на Јовески – рече Тунтев.

- Advertisements -
Banner Renault 300x250

Тој истакна дека СДСМ, како носител на процесот на реформи во правосудството, за две години ќе предложи јавниот обвинител да се избира на предлог на опозицијата, откако ќе заврши процесот на одговорност.

Поврзани новости