И покрај тоа што владата вчера ја запре постапката за именување на Александар Николовски за нов амбасадор на Македонија во Брисел, денес тој се појави на Комисијата за надворешна политика, за да ги презентира своите приоритети како иден шеф на мисијата на Македонија во Европската унија.
Томислав Тунтев од СДСМ рече дека Антонио Милошоски сам си свикал седница на Комисијата за надворешна политика.
-Спротивно на деловничките одредби Антонио Милошоски свикал комисиска седница. Се знае дека комисијата не може да се започне без кворум. Тој не го известил ниту претседателот на Собранието, Талат Џафери, што е спротивно на собраниската практика. Од друга страна за парламентарното мнозинство оваа дискусија е беспредметна, затоа што владата синоќа ја прекина постапката за номинација на Александар Николовски, изјави Тунтев.