ВМРО-ДПМНЕ: СДС беше против, сега издава државни хартии од вредност

by fokus

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, во две недели откако е избран издаде државни хартии од вредност од 13,7 милиони евра, или како што велеше неговиот сопартиец Наумов, ја задолжи државата за 13,7 милиони евра, рече на прес конференција Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ако до пред две недели издавањето на државни хартии од вредност беше прикажувано како најголемо зло за државата и за македонскиот народ, денес тоа за СДС и нивните медиуми е најнормална активност. Ако порано медиумите, кои беа најголеми критичари на аукциите, вадеа ударни наслови дека државата се задолжила за толку и толку, денес истите ревносно истакнуваат дека со средствата ќе се исплатат аукции кои доспеваат следниот ден, факт кој редовно беше занемаруван и прескокнуван во време кога министер за финансии беше од ВМРО-ДПМНЕ, рече Кузмановска.

 

Поврзани новости