Тунтев: Изборите треба да обезбедат 2/3 мнозинство за уставни измени ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не се издигнат над нивниот лидер

by fokus

Владејачкото мнозинство на прес конференција во Собрание уште еднаш испрати порака до пратениците на опозицијата да се надминат и да ја сфатат сериозноста на историската можност што и се укажува на Македонија, како што рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев.

Пратениците, рече тој, имаат одговорност пред граѓаните и треба да ја почитуваат, рече, мнозинската волја изразена на референдумот така што Собранието ќе ги усвои измените. Тоа е пакт, додаде тој, што мора да биде изоден заедно со власта и опозицијата.

-Сите ние овде пратеници од коалицијата на СДСМ ги повикуваме сите пратеници од опозицијата, посебно пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција да се приклучат на процесот. Алтернатива не постои, секој друг предлог е туркање во изолација. Македонија му припаѓа на западно-европскиот свет без разлика што Христијан Мицкоски има проблем со тоа. Ова раковдство предводено од Мицкоски ми е исто, а можеби и полошо од тоа на Груевски. Ја срами државата и се расправа со најверните наши стратешки партнери – рече Тунтев.

Тој додаде дека Мицкоски се однесува антизападно, а на пратениците им порача дека имаат шанса да се издигнат над ставовите на нивниот антизападен партиски лидер и да се приклучат на процесот.

-Убеден сум дека нашите коелги пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се за ЕУ и НАТО. Сега е историски момент тоа да го покажат на дело. Се надеваме утре ќе го имаме потребното 2/3 мнозинство и дека тоа ќе го покаже гласањето – порача Тунтев.

Како што рече тој, утре ќе се гласа за иницијативата на Владата по исцрпување на дискусијата. Има уште15 пратеници кои се пријавиле, а се уште не го искористиле своето право на збор.

На новинарско прашање за евентуално распуштање на парламентот и барањето на опозицијата за Пржинска влада, тој одговори:

-Ова се избори кои треба да овозможат 2/3 мнозинство за да се реализираат уставните измени – додаде тој.

Поврзани новости