ВИДЕО (ГАЛЕРИЈА): Страшна сообраќајка на Стража, се превртел камион со овци, мртви овци и крв насекаде

by Fokus

Страшна сообраќајка пред неколку минути се случила на планинскиот превој „Стража“ каде што се превртел камион полн со овци.

Камионот се лизгал и се превртел, а во должина од 200 метри можат да се видат мртви овци, односно целиот пат изгледал како кланица.

Сообраќајот се одвива по само една лента, а во моментот се чека на местото да дојде полиција и да направи увид. Луѓето кои во моментот се нашле таму се преплашени и затекнати од случката. Се бара ветеринар да дојде на местото за да им помогне на овците.

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости