612
Пратеникот Томислав Тунтев, кој воедно е координатор на пратеничката група на СДСМ, на денешната расправа во парламентот за нацрт-амандманите согласно Договорот со Грција изјави дека државата со ново име не губи ништо и не станува нова држава.
– Како може да се избришат одлуките на АСНОМ. Ништо не се брише со тоа што се става прогласот. Единствено се брише, затоа што во него стои дека македонскиот народ треба да се обедини. Тоа е причината и ништо не се губи, во прогласот се содржани сите одлуки од АСНОМ – рече Тунтев.