Тунтев до опозицијата: Ние сме единствена држава која се уште ја има придавката југословенска во името

by Fokus

Ретко на која генереција може да и се случи да биде сведок на моменти кои ја менуваат историјата. Ретко на која генерација пратеници може да се случи да го променат текот на историјата. Ова е моментот за кој чекавме 27 години. За среќа или за несреќа, ние сме таа генерација на пратеници кои можеме да ја оствариме надежта, желбите на генерација пратеници, истакна Томислав Тунтев, координаторот на пратеничката група на СДСМ на денешната собраниска седница.

„Ова е возвишен момент, историски. Да ги оставиме партиските интереси и да и овозможиме на нашата држава членство во НАТО и Европската Унија. Ние да бидеме креаторите за подобра иднина на нашите деца. Не постои влада, не постои премиер, не постои министер за надворешни работи кои не разговарале за промена на уставното име на Република Македонија затоа што една членка на НАТО и ЕУ има проблем со нашето уставно име. Сите знаеме дека тој ден ќе дојде и еве го денот. Само во името на нашата држава стои придавката југословенска, која не по стои веќе. Затоа јас не апелирам до вас почитувани пратеници од опозицијата, туку да го стиснеме копчето со кое ќе донесеме историска одлука – истакна Тунтев, кој додаде дека никогаш немаше да има договор со Грција доколку не беа нашите аспирации и желби за членство во НАТО и ЕУ.

 

Поврзани новости