Тарчуловски: Пусти желби, како може Заев да амнестира кога нели независно е судството

by fokus

Како може Заев да нуди амнестија за обвинети лица, а при тоа да тврди дека судството е независно, вели пратеникот Јохан Тарчуловски, од ВМРО-ДПМНЕ, кој е обвинет за учество во настаните од 27 април.

Тој вели дека во партијата ќе има консултации по однос на говорот на Заев каде тој понуди простување за настаните од упадот во Собранието.

-Како може во име на судството тој да нуди амнестија, кога нели е независно. Тоа се пусти желби на Заев за уставни измени. Ниту можам став сега да дадам, ниту можам да коментирам затоа што сум засегнат со обвинението – вели Тарчуловски за „Фокус“.

Поврзани новости