На денешната собраниска седница за пратенички прашања, пратеникот Томислав Тунтев од СДСМ праша дали власта на ВМРО-ДПМНЕ преку молчење и целосна неактивност на државните институции го потпомага преземањето на „Макпетрол“ од сомнителна странска компанија за да се уништи или замолчи Телма пред изборите.
-Атакот почна 2013 со закани и притисоци како и врз раководната структура на препознатлив и веќе виде начин како и кај телевизиите А1 и Алфа. Власта нападот го продолжи со кривични пријави против 20 луѓе од управувачката гарнитура меѓу кои и за сопствениот за наводен организиран стопански криминал, идентично како кај монтираните случаи за А1 и Алфа и овде се бараше замрзнување на имотот. Сега во обид за преземање од странска компанија повеќе од јасно е дека власта се обидува да ја нападне и уништи фирмата „Макпетрол“. Овој пат се работи за оф-шор шема со компании формирани на Кипар и на Дествените остров, со многу мал основачки капитал и сомнителни извори на финансирање, рече Тунтев.
Премиерот Емил Димитриев одговори дека проблематика тангира акционерско друштво согласно принципите на берзата, па ако тоа се стави во контекст на политика ќе направи штета и на „Макпетрол“ и на медиумиот.