Тунџев: Вработени во катастарот на своја рака давале консултантски услуги

by Фокус

Катастарот на недвижности, по промената на раководството во институцијата, поднела кривични пријави за злоупотреба на службена положба и по други основи, поради тоа што вработени во катастарот незаконски давале консултантски услуги и напредувале во службата надвор од пропишаната процедура, вели директорот на Агенцијата Борис Тунџев во интервју за Инбокс.

-Вработени во агенцијата давале консултантски услуги надвор од законската рамка, односно согласно Законот за катастар на недвижности кој што ги обврзува такви консултантски договори да ги склучат преку Агенцијата за катастар на недвижности, а не лично. Додека сте вработен во Агенцијата, Законот Ве обврзува доколку давате такви консултантски услуги кои што се поврзани со Вашето работно место и функционирањето на институцијата, Вие таков договор мора да склучите односно мора да го склучи Агенцијата, а Вие да бидете како вработен во истата, ангажиран како консултант – вели Тунџев.

Во интервјуто, тој вели дека претходното раководство преку тендерска постапка потрошило 20 милиони денари за набавка на возила, за кои, според него, немало потреба.

Поврзани новости