Германецот Томас Тухел – новиот тренер на фудбалскиот тим Баерн Минхен ќе има годишна плата меѓу 10 и 12 милиони евра, пренесува германски „Билд“.
Тухел во петокот и официјално беше назначен за нов тренер на Баварците, откако беше отпуштен Јулијан Нагелсман.
Новиот тренер на германскиот тим наскоро ќе го има првиот тренинг со германскиот шампион, а потпиша договор до 30 јуни 2025 година.
Германските медиуми потсетуваат дека Тухел доби отказ од Челси во септември минатата година, а во лондонскиот клуб заработуваше 15 милиони евра годишно.
„Билд“ наведува дека Нагелсман бил ученик на Тухел и имал договор со Баерн до јуни 2026 година.
Со Баерн ја освои Бундеслигата и два германски Суперкупа, а оваа сезона го остави клубот од Минхен во игра за три трофеи.
Баерн моментно е втор во Бундеслигата со 52 бода, со бод заостаток зад лидерот Борусија Дортмунд.
Клубот од Минхен во четвртфиналето на Лигата на шампионите ќе игра против Манчестер Сити, додека во четвртфиналето на Купот на Германија ќе се сретне со тимот на Фрајбург.