Пратеничката Ивана Туфекџиќ за предложените законски измени за продолжување на породилното отсуство што ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ, вели дека вакви предлози не можат да бидат носени или поддржани без широка јавна дебата на стручната јавност, специјализираните здруженија на граѓани и општата јавност.
-Дополнително на тоа и врз аргументите на експертите и граѓанските здруженија, движења и иницијативи, она што ние како законодавци треба особено да внимаваме е да носиме законски решенија кои нема да ја зголемат дискриминацијата на жените, кои ќе обезбедат нивна заштита, но и кои ќе обрнат внимание на двајцата родители, а кои ќе бидат посветени и на самохраните родители, наместо популистички решенија кои во минатото видовме дека носеа повеќе штета отколку корист за граѓаните, вели Туфекџиќ за „Фокус“.