Пратеничката Ивана Туфекџиќ попладнево реагираше на одложувањето на седницата на Комисијата за надворешна политика и му порача на Антонијо Милошоски дека нема право да држи во заложништво комисии со злоупотреба на службена положба, да ги нарушува националните интереси на државата, да работи на штета на граѓаните заради лична себепромоција и очаен и очигледен обид за факторизација во сопствената партија, која бидејќи не се оградува му е соучесник.
-Антонио Милошовски стори серијал на кривични дела во Комисијата за надворешна политика.
1. Комисијата за надворешна политика не се состанала ниту еднаш за да одлучи дека бара како дел од точка на дневен ред било каков класифициран материјал од било кого во државата. Значи Антонио сам побарал класифицирани информации кои ги добил на рака, без притоа да поседува безбедносен сертификат за да поседува или располага со такви информации.
2. На седницата за расправа беа и амбасадори во државите: Полска, Велика Британија, Норвешка и Црна Гора како и извештај на амбасадорот на Македонија во Израел поради завршен мандат. Антонио со своето однесување и откажување/закажување повеќе од 10 дена држеше отворени места во 4 држави за да прави личен политички циркус од Комисијата.
3. Седницата која беше закажана за утрово во 10 часот беше откажана час и половина пред почетокот иако имаше пратеници во Собранието или истите беа на пат накај Собранието за седницата на Комисијата. Претседателот Џафери кој има деловничко право да закаже седница на Комисија кога претседателот одбива да го стори тоа, ја закажа седницата, без Извештајот на министерот и назначи претседавач, вели Туфекџиќ.