И пратеничката од новиот состав на Собранието, Ивана Туфекџиќ, се најде на удар на напаѓачите кои деновите на различни начини напаѓаат новинари, критичари на ВМРО-ДПМНЕ и функционери на опозицијата. Вчера и денеска на оградата на домот на Туфекџиќ биле закачени пораки за заплашување и натписи за „предавници“.
Таа смета дека нападите кои ги гледаме изминативе денови се обиди за ширење на страв, и создавање на тензична ситуација, а таргетирањето домови, акциите за вербални напади на новинари, претепувањето на новинари доаѓаат од говорот на омраза, кој периодов е интензивен и несанкциониран.
-Никола Груевски лично ги повика овие луѓе да го бранат под превезот на одбрана на Македонија, од непостечки непријател, а понатаму синџирот на говор на омраза се засили и почнаа нападите. Најстрашното од се, е што за ова се искористени малолетници, што пак го докажува кукавичлукот, нервозата и стравот во ВМРО-ДПМНЕ. Ако мислеа дека со овие транпаренти ќе ме заплашат, ја згрешиле адресата на која се обраќаат. Јас ќе продолжам со заложбите за правна држава, дом на сите граѓани, вели Туфекџиќ во изјава за „Фокус“.
На мета на напаѓачите кои често се и малолетни лица, се најдоа и Борјан Јовановски, Љубомир Фрчковки и Бранко Тричковски.
Катерина Смилева