370
Ивана Туфекџиќ за кампањата на СДСМ за минатите парламентарни избори донирала вкупно 160.900 денари. Таа ја отфрла тезата дека на овој начин се купува пратеничкото место, бидејќи, како што вели, најпрвин донациите се уплаќаат откако ќе започнат 20 дена од кампањата на посебна сметка за кампања, не за политичката партија, а многу пред тоа се познати листите на кандидати за пратеници.
-Иако жално е што функцијата пратеник е сведена на толку ниско ниво да луѓето мислат дека може местото да се купи. Што се однесува до мотивите за донирањето, тие се исти како и за прифаќањето на кандидатурата, верувам дека овој концепт може да го промени општеството на начин и за вредности за кои сум се борела и претходно, човекови права, граѓанско општество, еднакви граѓани пред закон, но и промената во политичките партии и нивна демократизација. На крајот сметав дека треба да придонесам во кампањата во која учествував, вели Туфекџиќ.
Таа смета дека треба да се разговара со експертите и јавноста, како и политичките партии за промена на начинот на финансирање на кампањите се со цел истото да не предизвикува ваков тип на сомнежи,кои според неа се поткрепени со однесувањето и истрагите на СЈО за ВМРО-ДПМНЕ.