Пратеничката, Ивана Туфегчиќ, на денешната владина седница во реплика кон пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лешковска за Законот за високо образование, ги спомна студентските протести од 2014 година.
-Пробавте да го смените законот, затоа што вашиот поранешен лидер не можеше да се помири со фактот дека не контролира едно место во ова општество, а тоа се студентите и професорите. Затоа ви се случи најголемиот протест во историјата на студентското движење, затоа ви се случи окупација на универзитетите, и до тогаш непобедливиот лидер да се повлече затоа што не можеше да се соочи со отпорот – рече Туфегчиќ додавајќи дека постои нервоза во опозицијата секогаш кога ќе се спомне студентското движење.
На тоа за контра реплика се јави пратеничката Ане Лашкоска.
-Вие во најмала рака треба да споменете што сторивте за студентите, студентите ги изгубија сите права со овој Закон што го донесовте. Благодарение на нив седите во овие клупи. Дали знаете дека шетаат змии во стдентските домови, имаме само претепани ученици. Дали има нови стипендии и покачувања на стипендиите? Во меѓу време се водат верски обред во училишта, а министерката нема коментар за тоа – рече таа.