Џафери ги потсети Митовска и Ременски што е на дневен ред

by fokus

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, мораше да ги потсети пратениците дека на дневен ред на денешната седница е избор на членови на Владата, откако се разви дебата за пратеничката канцеларија на Слаѓана Митовска, од ВМРО-ДПМНЕ. Таа обвини дека градоначалникот на Крива Паланка, побарал од неа да ја напушти.

На тоа се јави пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски, која рече дека стапила во контакт со градоначалникот.

-Додека говоревте разговарав со градоначалникот и за волја на вистината ќе кажам дека не ја говорите вистината. Телефонскиот повик бил со цел да ви се укаже дека техничката опрема од две други канцеларии кои треба да се реновираат, поради безбедност ќе бидат сместени во пратеничк канцеларија и ќе бидат вратени кога ќе бидат реновирани – рече Ременски и додаде дека ред почетокот на оваа седница буџетски совет на Сорбанието усвоил одлука за отворање на 75 пратенички канцеларии, наспорти сегашните функционални 35.

Митовска на тоа рече дека требало премиерот лично да ја провери ситуацијата.

-Не ви ја зборуваат вистината. Сте се нашле во неблагодарна ситуација да цитирате нешто што не е вистина. Утринава добив повик да ја ослобдам пратеничката канцел. Мој одговор беше општината да се обрати до Собранието. Таа е постапката. Имаме генерален секретар. Како ќе одговорат така ќе постапам – рече таа.

На тоа Џафери им порача на пратениците да се задржат на темата на дневен ред, а не на канцелариите на пратениците во локалните самоуправи.

 

Поврзани новости