Цветковски до март ќе директорува со МРТ, распишан конкурс за избор на нов директор

by fokus

Македонската Радио Телевизија распиша конкурс за избор на нов директор и заменик директор на јавниот сервис, кои ќе седнат на местата на актуелните Марјан Цветковски и Харун Ибраими.

На Цветковски мандатот му истекува во март годинава. Функцијата генерален директор ја извршува од 2012 година.

Според конкурсот објавен на интернет страната на јавниот сервис, директорот и заменик директорот се избираат за период од 3 години со можност за повторен избор. Кандидатите што ќе се пријават треба да се: државјани на Република Македонија, да имаат високо образование, да поднесат Програма за работа на МРТ за период од три години, да имаат над пет години работно искуство во областа на комуникологијата, новинарството, електронските комуникации, информатиката, културата, економијата или правото.

 

Поврзани новости