Цветковиќ: Едниот мисли дека е мангуп зошто силувал, а другиот дека е мангуп зошто ексклузивно пренесува

by Fokus

Извршната директорка на Коалицијата Маргини, Ирена Цветковиќ, на својот фејсбук-профил напиша објава во врска со скорешното интервју на Латас кај јутјуберот Стефан Лазаров.

Додава дека гостинот лабаво раскажа како тој и негови другари на 15 години групно силувале девојка во автомобил Фичо која првин едниот од нив ја натепал.

„Да, ја искинавте последната надеж дека ова општество е нормално, ја искинавте последната трошка верба дека јавната сфера е хумана и емпатична и мене лично (а верувам и на многумина) ми го искинавте срцето“, напиша на својот фејсбук-профил, Ирена Цветковиќ.

Таа вели додека Латас раскажува, Лазаров се кине од смеење, што особено го радува раскажувачот. Се смеат заедно, заоѓаат во злорадост, исполнети од сопствениот успех.

„Едниот мисли дека е мангуп зошто силувал, другиот мисли дека е мангуп зошто ја има можноста ексклузивно да го сподели овој подвиг на силувачот“, напиша Ирена Цветковиќ.

Поврзани новости