Цветанка Симоновска од СДСМ е избрана за претседател на Советот на Општина Центар на денешната 46-та седница на Советот. Таа доаѓа на местото на Јана Белчева Андреевска на која со 14 гласа „за“, два „против“ и четири „воздржани“ и беше констатиран престанок на мандатот на функцијата претседател на Советот на Општина Центар.
Новиот претседател на Советот Цветанка Симоновска, како што информираат од Општина Центар, е еден од најистакнатите советници од советничката група на СДСМ во Советот, дипломиран инжинер архитект и универзитетскa професор во пензија.
-И честитам за изборот на новата претседателка на Советот на Општина Центар од редот на советниците, Цветанка Симоновска. На досегашната претседателка, Јана Белчева Андреевска и посакувам среќа во понатамошното делување, а на новата претседателка и посакувам успех во претседавањето со Советот и многу успешни проекти и ефикасност при работењето, за Центар да го направиме поубаво и подобро место за живеење за сите нас, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.