83
Четири лица меѓу кои и седумогодишно дете залутале денеска планинарејки во регионот меѓу селото кожле и Велес, во месноста „Манастирски мост“, информираше Центарот за управување со кризи.
-Регионалниот ЦУК Велес веднаш комуникациски координираше за пронаоѓање со СВР Велес, ДЗС – Велес и Општина Велес. Тим од три члена од ДЗС известиле дека тргнуваат на лице место за да ги извлечат залутаните лица со детето од опасниот стрмен предел меѓу с.Кожле и Велес, се вели во информацијата од ЦУК.