На денешната седница на Управувачкиот комитет за кризи, беше заклучено дека состојбата со невремето предизвикано од неповолните метеоролошки услови, генерално е стабилна.
Надица Вчкова од Центарот за управување со кризи (ЦУК) рече дека состојбата на патиштата се менува во зависност од тоа колкава е снежната покривка, но и поради ниската температура.
– Во моментов сообраќајот е во прекин на патот Штип – Велес кај местото Три чешми, бидејќи товарно моторно возило го попречило патот, како и на неколку патни правци кои водат до планински села на повисока надморска височина – рече Вчкова.
Раководителот на службата на Итната медицинска помош, Анета Димоска, истакна дека во текот на вчерашниот ден во Скопско имале 149 интервенции од кои четири скршеници на јавно место, две сообраќајки со двајца повредени и едно лице во хипотермална состојба.